Го читам Светото Писмо, кажувам молитви секој ден, но стравот се уште не ме напушта. Каде грешам?


Молитвата претставува разговор со Бог, таа е единствениот начин на комуникација со Севишниот, и самиот Господ Исус Христос секојдневно се молел. Ако молитвата е искрена, со вера, доаѓа од длабочината на вашата душа и срце, тогаш Божјата Љубов се спушта во вас. Во молитвите секогаш треба да нагласите сè да се случува само според Божјата волја и да верувате во тоа, дозволувајќи чудата да се случат во вашиот живот. Бидејки стравот не доаѓа од Господ Исус Христос, тогаш тој ќе си оди зошто не ви припаѓа. Молитвата е рецептата, а Светото Писмо е оружјето со кое ќе го истерате стравот од вашиот живот. Бидете постојани, искрени, со верба и трпеливи, и запомнете дека треба да се плашите само од Божјата Семоќност и Сила.

Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.

Јован 3:36

Ваши прашања, наши одговори