Во суштина сум мирен, тивок човек, никого не сум повредил намерно, а имам толку многу непријатели.


Молете се за вашите непријатели и простувајте им. Со простувањето вие не ги оправдувате нивните лоши дела насочени кон вас, туку вие се ослободувате од вашиот гнев. Прифатете ги такви какви што се, секогаш подарувајте насмевка, упатете добар збор и благословете ги. Кога веќе велите „непријатели" вие всушност и ги осудувате, но никој од нас го нема правото да суди и осудува. Сигурно сте забележале дека ве провоцираат, ве омаловажуваат или искористуваат, но штом ве допира тоа, зарем не сте и пониско од нив? Треба да го гледате убавото во секој човек, зашто секој човек е Божјо дете. Aко го љубите Господ, тогаш ќе ги љубите сите луѓе, дури и оние кои ве повредуваат, вашите непријатели. Зошто луѓето повредуваат? Затоа што не знаат како да љубат, да примат и дадат Љубов, а вие знаете бидејќи Гопсод ве љуби, па научете ги луѓето на тоа.

Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто, и вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите.

Лука 6:35

Ваши прашања, наши одговори