Пред извесно време го изневерував мојот сопруг, знам дека направив грев, си простив, но сè уште имам немир во душава.


Свесни сте дека прељубата, изневерувањето е грев. Со сторениот грев вие се оддалечувате од Љубовта Божја која носи мир, спасение и спокој во вашата душа. Вие сте си простиле себеси, но не сте се покајале за сторениот грев, не сте побарале прошка. Би било добро да го признаете гревот и пред вашиот сопруг и да побарате прошка, да се молите за него и за себе. Потребно е да го исповедате вашиот грев пред Господ Исус Христос, да се покаете за истиот, да побарате прошка од Него и да Го поканите во вашиот живот и сè во вашиот дом да се случува само според Божјата волја, со што си ја отварате вратата на мирот и спокојот. Знајте дека молитвениот живот се одликува како со молитва така и со пост. Би требало да размислите за пост кој е за прослава на Господа во вашиот живот. Додека постите, читајте од Божјото слово и учете како да живеете со Божјата Вистина и како да ја одбегнувате измамата на сатаната.

И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

Јаков 5:16

Ваши прашања, наши одговори