Како да се молам за оние кои постојано ме малтретираат и ми прават лошо?


Кога човекот е исполнет со љубов, Христовата љубов, тогаш не го допираат лошите зборови, погледи, мисли или постапки упатени од другите луѓе. Кога ќе дозволите Христос да живее во вас, тогаш и во најлошиот човек ќе можете да ја видите добрината и да ја препознаете и почувствувате љубовта во него. Молете се за непријателите ваши, така сте понизни Божји слуги, а овоземната награда ви е таа што немате гнев во вас, туку имате љубов и вие нема да бидете цел на демони ( војската на сатаната) кои ве угнетуваат и тероризираат, туку ќе живеете во мир, радост, љубов, спокој. Така вистински ќе го живеете Божјото спасение.

Ваши прашања, наши одговори