Побарајте молитва за вас или ваши блиски


"Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата. Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив."

Матеј 18:19,20

Ние сакаме да се молиме во согласност со вас за вашите потреби. Затоа испратете ни го вашето барање за молитва.

Вашиот Е-Маил:
Наслов:
Вашето барање:
Поради безбедност, ве молиме одговорете, колку е 2+2

За било каква потреба да имате, можете веднаш со вера да ја кажете оваа молитва:

Господе Исусе Христе, што ќе ни се очиве ако не ја гледаат Твојата Светлина и ушиве ако не го слушаат Твојот Глас? Што ќе ни е умот ако низ него не продира Твојата Промисла, што ќе ни е устата ако не сведочи за Твојата Слава? Што ќе ни е срцето ако не тупти во Твојата Љубов Господе?
Што ќе ни се дланките ако не прават дела според Твоја Волја со кои ќе можаме да Те прославиме? Што ќе ни се нозете ако не чекорат по Божјите патеки?

Токму затоа Господе Исусе Христе, знам дека јас сум мртвило, но Ти Господе се смилува на мене и ме направи вреден да постојам во Твојата благодат.

Господе, ја потврдувам мојата зависност од Тебе и во Твое Име Господе Исусе Христе, сега ја прославувам Твојата победа над смртта, над сатаната во мојот живот, зашто Господе Исусе Христе Ти си победник Христосе и воскресна, Ти си жив, и мене ме оживи, одново ме роди.

Сега дишам, не зашто сум добар, зашто Ти живееш во мене. Ми се радува душава и срцето ми се стоплува зашто Твоја Слава ме стоплува. Слава Ти Господе Исусе Христе Вечна Ти Слава во вечни векови. Амин.

molitva1

 

molitva2

 

molitva3