Служба учеништво

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

СЛУЖБА УЧЕНИШТВО

Службата учеништво има конкретна цел за клиентите од Институтот за ревитализација како и за сите посетители и учесници на предавањата и презентациите на пастор Константин Кајшаров, а таа цел е да се подигнат во Христијани со утврдена вера во Господ Исус Христос преку Библијата и да живеат плодоносен и победоносен живот во Бога во совршено здравје и исцелени да бидат служители кои ќе можат да Го проповедаат Словото на Бог и да сведочат дека Исус Христос е Бог и Спасител. Оваа служба се реализира преку Библиска школа, пасторски средби и семинари.

readmore А. Библиска школа „Библиски проповеди"

Божјото Слово е Вистината која ослободува, го обновува човековиот карактер, дава критериум за вистинска размисла, тоа е семе што се посејува во вас, но потребно е да продре длабоко, да пушти корен, да никне стебло и да даде плод.

Преку Божјото Слово го запознаваш Бог и ја разбираш Божјата Волја за твоето живеење. Да знаеш која е Божјата Волја за тебе и твојот живот, тоа значи да се сочуваш од грев и да се осветуваш преку Божјата Вистина, Господ да те употреби на вистинскиот начин.

Цели на библиската школа „Библиски проповеди"
• Да обезбеди основа на библиско познавање врз кое учесниците ќе можат да изградат силен и успешен христијански живот.
• Да создаде навика за истражување на Словото, за пронаоѓање и примена на Божјите ветувања за секој учесник.
• Да ги обучи учесниците во анализа на библиски цитати со цел да го знаат нивното вистинско значење.
• Да создаде навика за прифаќање само на оние учења за духовни нешта кои директно можат да бидат докажани од Библијата.
• Да се има утврдување и плодност во верата во Бог.

readmore Б. Пасторски средби

Преку овие средби им се овозможува на Христијаните да бидат во чести контакти со пастор Константин Кајшаров за нивно насочување и советување во однос на тоа како да ја спроведат верата во Господ Исус Христос во својот живот и како да сведочат за Бога во нивната околина.

Овие средби се предвидени за сите Христијани кои членуваат во Клубот „Луѓе по Патот", тие се бесплатни и можат да бидат индивидуални со пасторот или пак групни каде сите можат да споделуваат повеќе градејќи заедништво со останатите браќа и сестри во Христос.

readmore В. Семинари Мисија Живо Христијанство

Пастор Константин Кајшаров преку Konstantin Kaysharov Ministries® го шири Евангелието на различни начини, преку семинари, духовни работилници, конференции, книги, песни итн. Семинарите се карактеризираат со интерактивен динамичен пристап, детално разјаснување на конкретните теми и се стекнуваат знаења и начини како да се спроведе верата во Бога.

Целта е присутните да бидат трансформирани и исцелени и да започнат да живеат практична духовност со вера во Господ Исус Христос, како и да помагаат на човештвото за подобрување на меѓучовечките односи, благосостојба и хармонизиран живот преку исцелување.

Семинарите се без религиозни доктрини, философии и фанатизам и ќе ви го променат животот

readmore1 ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ СИТЕ СЕМИНАРИ.