Аџилак во светата земја Израел

АЏИЛАК ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ Е поклонение на празниот гроб на Господ Исус Христос и посета на сите места каде чекорел и ги правел чудата опишани во Библијата. Аџилакот претставува поттик кон утврдување на Библиските Вистини и кон плодна вера во Господ Исус Христос кај секој од учесниците и претставува можност за обука на учесниците во молитвен живот и разбирање на Божјиот план за Спасување на човештвото.

Хаџилак - аџилак е поклонение пред Бога во Светата Земја Израел на празниот гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим. Многумина кажуваат дека се верници во Бога, но многумина не знаат да ја изразат својата вера во Бога и тоа го прават со традиционални белези и народни обичаи кои повеќето не се изворни од Библијата, туку преземени од паганизмот. Верникот треба да ја утврди својата вера во Господ Исус Христос, да Го запознае Бог. Тоа се случува не со правење ритуали и користење свети предмети, туку со восприемање на Божјата Вистина преку Светото Писмо - Библијата. Ова претставува темелот над кој се гради верата во Бога. Верата во Господ Исус Христос се изразува со поклонение и понизност пред Него, со благодарност, со Славење и фалење на Господовото Име. Сето ова го изразуваме преку молитва и благослов. Исус кажа:

Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина."- Јован 4:23,24

Аџилакот е можност да ја потврдите вашата вера во Господ Исус Христос, ако ја немате да ја стекнете, доколку вашата вера е искривена и измешана со суеверија и легенди, таа да биде исчистена од лаги, преданија, предрасуди и да останете во Благодатта Божја. Токму затоа нашите патувања во Светата Земја не претставуваат туристички искуства за откривање на уште една егзотична дестинација, туку духовно патешетствие кон дефинирање на нашиот избор дека веруваме во Господ Исус Христос.

Да се чекори по стапките на Господ Исус Христос и да се почувствуваат сите места по кои тој одел и го пренесувал Словото е неописиво искуство и треба целосно да се доживее. Со оваа духовна тура, која не е комерцијална или туристичка, туку искуство кое преобразува. Се посетуваат хронолошки сите свети места од самото раѓање на Господ Исус Христос во Витлеем, до градовите во кои проповедал, местата каде ги направил многуте чуда, реката Јордан каде бил крстен, пустината каде бил искушуван од сатаната, Маслиновата Гора каде често бил со неговите ученици, градината каде се молел, до Голгота и местото каде е празниот гроб на нашиот Господ од каде воскреснал, како и местото на Христовото Вознесение.

На сите тие места се прават заеднички молитви и поклоненија, се доживува невидено спокојство и мир, а од досегашното искуство во текот на 2012, 2013 и 2014 година, од трите поклоненија кои се организираа со големи групи на луѓе, сведоци сме на многу чуда во животите на луѓето кои почнаа да се случуваат уште додека бевме во Светата Земја, а продолжуваа во нивните родни места.

После патувањето во Светата земја Израел повеќе ништо не е исто.

Оваа тура ја организраме секоја година во месец февруари, зашто тогаш и самите климатски услови се најповолни, а температурата на воздухот се движи од 20 - 25 степени Целзиусови. Досега ова искуство го доживееа околу 150 луѓе за само три години. Придружете ни се заеднички да ги доживееме чудата кои доаѓаат преку Божјата Милост во нашите животи.

За пријавување контактирајте нè на телефоните:
+389 71 370 448, +389 75 560 789 и +389 2 3213 145.