Света мугра

sm2014 gore
Интернационална конференција

13, 14 И 15 ЈУНИ 2014 ВО СКОПЈЕ

Konstantin Kaysharov Ministries®, во соработка со Интернационалната Христијанска Академија и Клубот „Луѓе по Патот" по четврти пат ја организираат Интернационалната конференција „СВЕТА МУГРА 2014"

Целта на оваа конференција е обединување и екипирање на Христијаните во Вистината, без религиозност и предрасуда, а тоа значи:

  • Три дена возбудливи активности, радост и трепет кои не се опишуваат со зборови;
  • Инспирација за креативност и полетност во живот со вера во Бога;
  • Разоткривање на твојата нова цел;
  • Разбирање на Божјиот план за човештвото;
  • Разбирање за Царството Небесно и последните времиња;
  • Сведоштва за чуда преку Господ Исус Христос.

Во текот трите дена од СВЕТА МУГРА 2014 ќе се реализираат активности на различни теми преку афирмирани светски предавачи од повеќе земји и ќе има многу изненадувања.

И ти можеш да учествуваш во интерактивните предавања, духовното наобразување и во Славењето на Бога.

БИДИ ИСЦЕЛЕН ВО ДУХ, ДУША И ТЕЛО.

Агенда:
13 јуни 2014 (петок)
Гала вечер - Свечено отварање на Интернационалната конференција Света Мугра 2014:
• Промоции
• Презентации
• Концерт на пастор Константин Кајшаров и вокалната група „Молепствие" со песни за славење на Бога
• Гости од странство
• Коктел

14 јуни 2014 (сабота)
Интерактивни целодневни предавања преку афирмирани светски предавачи од различни земји, и можност за дружба и размена на искуства.

15 јуни 2014 (недела)
Молитвени часови - предавања за Божјата Вистина и духовниот живот на Христијанинот

Секој учесник на конференцијата Света Мугра 2014 ќе има обезбедено присуство на сите активности, сесии, презентации, коктел на гала вечерта, ручек и кафе паузи во сабота и недела.

Повеќе информации за учество на:
02/3213 145
071 370 461
075 560 789
sm2014 dole