Служба за евангелизација и проповеди

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

СЛУЖБА ЗА ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА И ПРОПОВЕДИ

Службата за евангелизација и проповеди се реализира преку големи јавни работилници од отворен карактер на кои секој може да присуствува и да слушне и научи повеќе за Господ Исус Христос на еден нов и нестандарден начин кој поттикнува во практична духовност.

Целите на оваа служба се:

  • Разбирање на Божјиот План за спасение на човештвото, исцелување и успех.
  • Инспирирање за живот со Бога.
  • Поттикнување волја за молитви и Божјото Слово.

Секој присутен може да земе учество во некои од активностите на овие работилници, но особено е важно да се истакне дека на овие собранија со повеќе од 150 присутни се обновува меѓучовечкиот однос и свесноста за сакање на ближниот како себеси. Многумина добиваат грижа, посветеност и помош во разрешувањето на сопствениот проблем собено на стравот, депресијата, осаменоста.

Оваа служба на пастор Контантин Кајшаров е практична и организирана како во Македонија така и надвор од неа.