Интернационална Христијанска Академија

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ХРИСТИЈАНСКА АКАДЕМИЈА

Интернационална Христијанска Академија врши продукциската и издавачка дејност на пишаните, видео и аудио материјали на пастор Константин Кајшаров како и на друга христијанска литература за ширење на Радосната Вест. Делата на оваа продукциска и издавачка куќа се издаваат на повеќе јазици: македонски, српски, бугарски, англиски и се пласираат во Македонија и регионот.

Интернационалната Христијанска Академија е носечка и во планирање, организирање и реализирање на сите настани на пастор Константин Кајшаров: промоции и презентации, јавни трибини, фестивали и конференции, отворени духовни работилници за инспирација благосостојба и животен стил со вера, патување на свети места како и во Светата Земја Израел на Аџилак.

Семинарите и обуките на пастор Константин, Интернационалната конференција СВЕТА МУГРА се дел од редовниот план на активности на Академијата.

Интернационалната Христијанска Академија се грижи за сите групи во општеството а за слепите лица и за оние со попречен вид издава аудио материјали од книгите на пастор Константин Кајшаров со цел да допре до сите срца.