Клуб „Луѓе по патот“

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

КЛУБ „ЛУЃЕ ПО ПАТОТ"

Клубот „Луѓе по Патот" е здружение на граѓани отворено за сите Христијани (католици, православни, протестанти и неопределени) кои сакаат да бидат во постојана практична вера во Господ Исус Христос низ реализација на различни проекти за доброто на заедницата кои ги имплементираат членовите на клубот под водство на пастор Константин Кајшаров.

Овој Клуб е во рамките на Мисијата Живо Христијанство на пастор Кајшаров која се стреми за обединување на Христијаните, ширење на Радосната Вест, плодна вера во Бога, а е придвижена од Светиот Дух.

Преку целите на Клубот „Луѓе по Патот" Христијаните се поттикнуваат во мисија на практично и живо христијанство засновано на Божјото Слово - Библијата, а предводено од пастор Константин Кајшаров.

 

readmore ЦЕЛИТЕ НА КЛУБОТ

Помагање на луѓето – подигнување на нивото на свеста, градење на нова перцепција за животот и смислата на постоењето преку поттик во верата во Бог.

  • Организирање и реализирање добротворни проекти за помагање на социјално, морално и духовно загрозените групи во општеството.
  • Организирање јавни трибини, работилници, семинари и концерти преку кои се охрабруваат граѓаните да го трансформираат својот живот преку Библијата, и да имаат иницијатива за креативност и инспирација служејќи Му на Бога и славејќи Го.
  • Фонд за поддршка (за редовните членови на Клубот, преку кој се обезбедува финансиска помош за одредени потреби како школување, реновирање, храна, духовно проекти итн.)
  • Издавање информативни списанија, книги, аудио и видео материјали, со цел да се допре до оние кои талкаат и се чувствуваат изгубено, скептичните луѓе за да може да се обратат кон Господ Исус Христос, како и за сите кои сакаат духовно да се надградат.

readmore ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

Доколку сакате да ги поддржите целите на Клубот, добредојдени сте, зачленете се, посетете нè на веб страната www.lugepopatot.com како и на Facebook профилот Luge po Patot, или напишете ни ги вашите идеи на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Член на Клубот може да стане секој кој ќе поднесе Барање до Одборот на Клубот (на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или за време на редовните отворени духовни работилници), со наведување на мотивот и целите за зачленување, врз основа на што се одлучува дали подносителот на Барањето ќе биде примен да стане член на Клубот.

„А Исус им рече: Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. " – Јован 6:35.

readmore РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Успешните проекти на овој Клуб се реализираат веќе две години, а со негова поддршка се реализирани и издадени:
• 14 книги од пастор Константин Кајшаров,
• 1 ЦД албум со христијански песни,
• 1 видео спот,
• 3 информативни билтени,
• 2 Интернационални конференции,
• над стотина духовни и музички работилници,
• десетина промоции,
• неколку крводарителски акции,
• 3 големи бесплатни семинари,
• два пати Аџилак во светата земја Израел,
• еден циклус Библиска школа „Библиски проповеди",
• водно кршетвање,
• настапи на вокалната група „Молепствие" со пастор Константин Кајшаров низ Македонија и странство,
• промоции на книги од пастор Константин Кајшаров низ Македонија и Бугарија

Донации и помош со храна, облека и хигиенски средства преку Клубот се направени во неколку наврати во:
• Болницата во Бардовци,
• Специјалното училиште „Иднина" во Скопје,
• Училиштето за слепи деца во Скопје,
• самохрани мајки,
• луѓе во беда и страдање.