Институт за ревитализација

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

ИНСТИТУТ ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА

Во Институт за ревитализација на пастор Константин Кајшаров се застапени консултации и насочувања на луѓето во разоткривање на својот проблем – детекција и идентификација, соочување со својот проблем, надминување на проблемот и лекување на последиците од проблемот.

Во Институтот за ревитализација исто така се изведуваат различни кинезитерапевтски процедури наменети за функционална биомеханика на целото тело на човекот:

  • физикална терапија во којасе користат современи апарати како Shock-Wave therapy – апарат за разрешување на остеофити; магнетна терапија со широкоспектарно на дејствување за најразлични дијагнози на физичкото, менталното и емотивното тело, дарсопнвалова терапија, вакуум терапија, термомасажа.
  • медицински масажи и вежби како неуроплекс, торз- третман, сегментарна специјализирана масажа, медна масажа, спортска масажа, масажа за трудници и др.
  • Киропрактика преку деблокада на пршлени на 'рбетен столб и на зглобови.

Се дејствува и во надминување на следните проблематики:

  • спондилоза, 'рбетни искривувања (сколиоза, лордоза, кифоза), дископатија, дискус хернија, лумбоишиалгија;
  • парези на лице, парализи на екстремитети, гоналгија, гонартороза, остеопороза, периартрит, тенисов лакт; синдрома на карпалниот тунел и др.

Целта на овој институт е целосно ремоделирање на психо-емоционалната сфера кај клиентот, ревитализација и почеток на нов духовен живот.

Она што е карактеристично за овој институт е тоа што медицинските услуги се пропратени со духовната терапија во форма на духовни сослушувања и молитвени лекувања. Во овој сегмент пастор Константин ја реализира Службата за исцелување и ослободување на луѓето од сите форми на страдања.