Служба за ослободување

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира и со:

СЛУЖБА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ

Служба за ослободување на луѓето од окултистички учења и влијанија (магиски дејствија), ослободување од демони и демонски влијанија и ослободување од клетви и проклетства во Име на Господ Исус Христос.

Во Библијата имаме докази дека повеќето заболувања се одлика на демони кои Исус ги истерувал од луѓето, а потоа тие луѓе биле исцелувани.

И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот. И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи. - Матеј 4:23,24

Исто така има докази дека луѓето се занимавале со магиски дејствија со кое му вртат грб на Бога и заработуваат проклетство:

Кај тебе нека не се најде некој, кој би ги гонел низ оган својот син или својата ќерка; кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво; никој кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците. Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво; заради таквите одвратности нив и ги гони пред тебе Господ, твојот Бог. - Второзаконие 18:10-12

'Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив.'" - Левит 20:27

Кога луѓето ќе се покајат за своите гревови и поверуваат во Христос тогаш се спасени и ослободени од сè што не е Божјо. Тоа е задача на пастор Константин, но тој е само служител на Господ Исус Христос кој ги ослободува луѓето од злото. Процесот на ослободување значи конечна слобода на индивидуата од стравот, зависностите и пороците, шизофренијата, бедата, бесот... кои имаат демонска позадина.

Пастор Константи тоа го врши според Божјиот указ:

И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици; ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат. - Марко 16:15-18