Биографија

se mozam

 

readmore Биографија - пастор Константин Кајшаров


Пастор Константин Кајшаров
(роден 1981) уште кога бил многу мал го слушал Божјиот Глас кој и ден денес го води во мисија и подвизи кои се несекојдневни и често необични. Верата во Господ Исус Христос му дава сила и го води напред да остварува цели со кои го прославува Бог.

Со дарбата од Бога и со медицинската надградба како м-р по кинезитерапија, а во моментов магистрант на студии по Kлиничка психологија, Константин постојано вложува во себе, за да може безрезервно и постојано да им помога на луѓето. Тој има Центар за психофизичко здравје во кој луѓето се поттикнати во здравје и исцелување преку комбинирана пракса од современата медицина поврзана со кинезитерапијата и молитвата до Господ Исус Христос, како и во духовен раст преку многубројни активности, семинари и настани.

Во текот на својот живот Константин имал три значајни етапи и секогаш бил воден од Божјата рака преку виденија. Првиот поттик се случил кога бил мал, мислел дека сите деца се како него, дека ја чувствуваат и можат да ја идентификуваат болката кај луѓето, да чувствуваат кога некој страда, но и да им помогнат во исцелувањето. Уште тогаш чувствувал како една голема сила го води низ детството. Сам, без никој да го учи, почнал да ја употребува молитвата за разговор со Бога. Уште тогаш имал сознанија за вечниот живот кој доаѓа само преку вера во Господ Исус Христос.

Константин има прекрасен глас за пеење кој сите кои го слушнале забележуваат дека е несекојдневен и редок талент. Поради тоа, во неговите тинејџерски денови, додека бил на студии во Русе, Бугарија на Факултетот по кинезитерапија, снимил поп музички албум. Но, се случило да му дијагностицираат тумор и да предложат итна операција. Додека се освестувал од операцијата, тој го добил второто поттикнување од Бога после кое решил да не го издава веќе снимениот музички албум, туку да се посвети на мисијата која Бог му ја дава, а тоа е да им помага на луѓето преку молитвени-духовни терапии.

Тогаш Константин ја почнал својата духовна мисија. Откако ги завршил студиите и магистратурата по кинезитерапија, се вратил во Македонија и во Скопје во 2006 г. го отвара првиот Центар за психофизички развој на овие простори.

Од тогаш, голем број клиенти го посетиле Центарот и ги почувствувале благодетите од терапиите кои се спроведуваат. Преку неговата секојдневна работа во Центарот и честите патувања во странство на духовни настани, саеми, конференции во САД, Јапонија, Монголија, Германија, Романија, Србија и Црна Гора, Константин сакал да допре до што поголем број луѓе за да ги поттикне во слободата на духот, духовен развој, здравје и хармонија.

Третиот и клучен поттик, Константин го доживеа во неговата 31-ва година од животот, кога се случи патувањето во Светата земја Израел во февруари 2012-та година кога доживеа Богојавление и беше поттикнат кон конечно заокружување и дефинирање на мисијата и делата, а тоа е будење и поттикнување на верата кај луѓето во Господ Исус Христос Кој е единствен Господ и Спасител Кој умре и воскресна за сите нас да нè спаси и да нè благослови да постоиме во вечен живот со Него.

Повикот кон Бога постојано еволуира и Константин неуморно твори и креира под водство на Бога. Така се напишани 16 книги и издадени се 4 музички албуми, но овојпат со духовна музика за прославување на Бог.
Со цел луѓето да бидат духовно надградени, едуцирани и да растат во Божјата Љубов во Центарот почнаа да се организираат семинари кои поттикнуваат во Верата, Надежта и Љубовта кон Господ Исус Христос.

Константин се смета себеси за понизен слуга на Господ Исус Христос кој дејствува според Божјата Волја, за Слава на Господ. Сите неговите дела и композиции доаѓаат од Семоќниот извор – Бог, а постојаниот наплив на инспирација му доаѓа од Светото Писмо.

Тој делува на три начини: едукативно, терапевтски и советодавно.

Духовност во практика или живо христијанство е крајната цел на мисијата на Константин. Токму тој повик Константин го слушна од Бог и затоа служи во поттикнувањето на верата во Христа користејќи современ пристап, близок до луѓето, преку сведочење од лично искуство за Силата на Бог, и за тоа како Господ Исус Христос го спаси и него. Константин оваа мисија ја нарекува Светиот шепот, како шепот на искрената молитва која сведочи за Славата на Бог. Тој е ракоположен и доби помазание од Бог за Пастор на Христовото стадо преку Епископ Васил Петров, Р. Бугарија и Пастор Евангелист Шмуел Белај од Израел.

Пастор Константин Кајшаров не е претставник на христијанска деноминација или црква, тој ги обединува сите Христијани и го шири Христовото стадо. Заедно со неговата сопруга Милена Му служат на Бог преку Мисијата Светиот шепот - живо Христијанство. Многу луѓе кои имаат потреба од поддршка, доживуваат страдање, или имаат неопходност од исцелување и утеха се обраќаат на молитвената служба кај пастор Кајшаров. Во Центарот за психофизичко здравје тој ја комбинира физикалната медицина, современата психологија и молитвите кон Господ Исус Христос. Заради успехот кај клиентите во однос на исцелувањето, инспиративноста, евангелизирањето и дефинирањето на нивните цели во животот, се појави иницијативата и потребата да се формира Health Coaching - Kaysharov Academy. Таа нуди терапевтски и советодавни модули чија цел е остручување, квалификација и доквалификација на студентите во консултанти и терапевти за духовното и физичкото здравје.

biografija5

 

biografija2

 

biografija4

 

biografija1