Исцелување

1. ИСЦЕЛУВАЊЕ - Духовно сослушување

Многу луѓе се борат со страв, паника, ниска самодоверба и песимизам, страв од смртни болести, психофизички страдања и депресија. Тие имаат потреба да го изнесат она кое ги измачува на начин како што го доживуваат нивниот проблем, а пастор Константин Кајшаров и неговиот тим за време на духовното сослушување работат на анализа на причината за проблемот во кој луѓето се наоѓаат, како и наоѓање правилен начин за искоренување на тој проблем.

Оваа системско проучување на проблемите кај клиентот може да се примени и во други аспекти каде се појавуваат проблеми како:

  • неможност за семејна реализација и/или стерилитет;
  • траума од семејсно насилство, злоставување или смртен случај;
  • безначајност и неможност за професионална реализација;
  • нарушување на човековото право и психолошко-емотивна тортура;
  • емотивна пречувствителност и изолација.

Духовните сослушувања се одвиваат повеќекратно со клиентот преку лични средби, како подготовка за разрешување на проблемите и чекор напред преку молитвено лекување. Без разлика дали проблемот е од психички или физички аспект кај човекот, пристапот кон истиот со системска анализа и изготвувањето на индивидуален концепт за дејствување кон клиентот преку медицина и духовност дава сигурен чекор кон целта, а тоа е вистинска помош за клиентот. Затоа овие духовни сослушувања се потребни а откако ќе се реализираат следува молитвеното лекување.{/mooblock}

readmore 2. ИСЦЕЛУВАЊЕ - Молитвено лекување

Луѓето имаат различни проблеми (здравствени, психолошко-емотивни, финансиски, социјални, семејни итн.) и постојано трагаат по избавување од проблемите и нивно разрешување. Луѓето бараат спас. Спасението значи целосно избавување од сè што е страдање и смрт, а се добива преку Господ Исус Христос. И покрај тоа што луѓето тврдат дека веруваат во Него, сепак се болни и не знаат како да бидат исцелени и да живеат слободно, немаат плодност во верата. Пастор Константин Кајшаров ја има таа мисија да ги поттикне луѓето во верата во Бог, вера изградена врз основа на Библијата и исто така да практикуваат молитвен живот. Многу луѓе кои се болни и очајни се обраќаат во Институтот за ревитализација кај пастор Константин и таму според нивната состојба им се предлагаат разни физикални третмани, но и духовни терапии во кои спаѓаат духовните сослушувања и молитвените лекувања.

Пастор Константин Кајшаров се моли на Господ Исус Христос за исцелување на човекот, а тогаш Бог излева од Неговата исцелителна Сила врз човекот за кого е наменета молитвата. Многу луѓе реагираат на специфичен начин, некои со тресење и плачење, некои со искашлувања, други со блажина и мир, трепет во душата и со сила која им го исполнува телото.

Ревитализација, обновување, трансформација - силни промени на психофизички план кај човекот кој бил на овој вид молитвено лекување. Многупати исцелувањето се случува во истиот момент и е чудо, но исто така повеќекратното доаѓање на клиентот на молитвено лекување овозможува целосно исцелување на човекот. Исцелувањето е процес, но за да биде целосен и траен, пастор Константин ги поттикнува луѓето да почнат со сопствен молитвен живот и со читање на Библијата.

Иако понекогаш звучи религиозно, пастор Константин тврди дека религијата го убива духот на човекот, затоа тој работи со љубов и со големо разбирање со луѓето кои му се обраќаат а со кои споделува дека Христијанството не е религија, туку живот со Бога.

Отсуството на вера во Господ Исус Христос, непокајаниот грев на човекот, проклетството, магиските дејствија, демонските влијанија и опседнатоста од демони кои всушност се и причина за болеста, исто така тие може да бидат и бариера за време на молитвената терапија. Затоа пастор Константин во текот на молитвеното лекување во Име на Господ Исус Христос прави ослободување на луѓето од проклетства, демони и демонски влијанија, магиски дејствија, кога за тоа постои разбирање и соработка од страна на човекот кој се обратил за помош.

Заради чудата и силните ефекти од молитвеното лекување, луѓето му препишуваат специјални моќи на пастор Константин Кајшаров, на кое тој не се согласува и им разјаснува на луѓето дека тоа го прави Господ Исус Христос а тоа го откриваме и во Библијата преку стихот:

Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека. - Евреите 13:8

Ова ни покажува дека Исус исцелуваше и правеше чуда тогаш, но тоа Тој го прави и денес преку Неговите служители.

readmore 3. ЛИЧНО СВЕДОШТВО НА ПАСТОР КОНСТАНТИН КАЈШАРОВ

Уште како мало дете ги сакав луѓето, а не знаев зошто. Никој не ме учеше како да се молам, но Господ ми покажуваше. Се молев и растев и Божјата Милост течеше низ мене, а јас сакав да знам повеќе. Грешев во моето растење, а желбата да се помогне на луѓето ја имав, но тоа го правев од себе, без да Му оддадам слава на Бог и залутав по разни лажливи верзии на „исцелувања" и окултни практики. Станав духовник на фалшливи духовности доволно познат во една мала земја, доволно пробиен во светот за да имам посветеници со кои чекорев кон вечна пропаст.

Но, Господ не ме остави, покрај сите измами и заблуди со кои сатаната ме удираше, Господ работеше низ мене и се чудев што толку сум јас значаен за Бог, знам дека не сум Му потребен бидејќи сум грешен, а Тој е Семоќен, Совршен и може да употреби било кое свештено лице да биде Негов служител.

Многу чуда се случија, многу луѓе се исцелија, јас не сум посебен, јас бев загубената овца, а Господ ме најде, ме прибра и ми рече: „ти ќе ме прославиш!".

Јас сум човекот на кого Господ Исус Христос му се објави сам!

Јас Го видов Господ Исус Христос и зборував со Него и Тој со мене. Тој е Мојот Спасител.

Низ солзи со исповед и покајание, низ простување и одрекување, стариот Константин остана во гроб, а се роди новиот по Божја Милост. Од тогаш, од ова Богојавление жедта за Словото стана огромна и денес се прелева кон сите кои ми се обраќаат, како живо сведочење за Христос.

Јас сведочам дека Господ Исус Христос е жив и Тој е Врховен Цар, од Него е животот и сé, и од Него доаѓа и исцелувањето.

Ако сте болни и ви треба исцелување, не барајте го низ разни модерни духовни правци или духовни дисциплини како некои кои пробуваат сé и разочарани пропаѓаат во својот очај; туку одете при Господ Исус Христос.

Познавав многу кои пробуваа реики, прана лекување, sun-gazing, биоенергија, трансцедентална медитација, лекување со чакри, лекување со храна... тие луѓе добиваа привидни позитивни резултати, беа залажувани и потоа уништувани од сатаната. Окултизмот е смртоносен по вашиот живот.

За да знаете дали на вистинското место се обраќате за исцелување, прашајте се:
• Дали терапевтот или служителот Му оддава Слава на Господ Исус Христос?
• Дали терапевтот или служителот Го шири Божјото Слово?
• Дали ве поттикнува во верата во Бога низ исповед, покајание, простување и крштевање во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух?

Служам низ исцелителна служба, но Светиот Дух е Тој кој дејствува низ мене. Ова е нешто кое не може да се објасни со збор, но сите за кои сум се молел на Бог во Името на Господ Исус Христос, доживеале натприродни искуства кои не ги доживеале претходно. Силата е огромна, неспоредлива со ништо, Светоста Божја како Светлина и благост, како огнена лава од љубов продира до секој човек за кого се молам. Моите очи видоа многу чуда: болни од рак се исцелија, опседнати од демони се ослободија, куци проодеа, деца кои беа неми - прозбореа, деца кои беа аутистични сега се во одлично здравје, сето тоа преку Крвта на Господ Исус Христос пролеана за сите нас.

За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.- Исаија 53:5

Кога некој ме прашува дали има лек за неговата болест, гледам дека најголем проблем на тој човек не е болеста, туку немањето вера во Христос, отсуството на Словото Божјо во неговото срце, по негов избор или нехристијански живот. Мојата работа како пастор е да ја будам и поттикнувам верата на луѓето во Господ Исус Христос, а таа ќе биде мостот низ кој доаѓаат чудата Божји како ослободување, исцелување, заштита.

Честопати оној кој се обраќа во мојата служба, се изненадува кога ќе му укажам дека религиозноста и извршувањето на црковните ритуали не се неговата вера, бидејќи верата во Бога доаѓа од слушање на Божјото Слово. Така многу пасивни – религиозни луѓе вистински поверуваа во Господ Исус Христос, Го примија за свој Господ и Спасител и спасени се.

Ова не е моја заслуга, туку Волјата на Бог за Слава на Христос. Јас сум зависен од Бог и живеам од Неговата Љубов. Го пишувам ова јавно бидејќи имам потреба да кажам дека чудата кои ги гледате на видео снимките снимени за мојата работа, сите исцелувања, не се одлика на моите способности, ниту пак се трикови, тоа е Божја Сила која се ослободува преку Светиот Дух во Име на Господ Исус Христос.

Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги прави делата. Верувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото во Мене; ако пак не – верувајте заради самите дела. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие, зашто Јас одам при Мојот Татко.- Јован 14:10-12

Денес многу луѓе се обраќаат во институцијата во која работам комбинација на духовни со со медицински методи. Гледам дека без разлика дали се работи за деформации на телото, психички проблеми, емотивни кризи и блокади, неплодност, цисти, тумори, епилепсија, автоимуни заболувања, трауми, проклетства, демонски напади, секој кој ќе побара од Бог исцелување и ослободување искрено со вера - доживува чуда. Според Стихот од Новиот Завет кој вели:

Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори. - Матеj 7:8

Луѓето не знаат дека верата во Бога треба да биде жива. Токму затоа ги учиме на молитвен живот, на развивање личен однос со Бога преку молитва. Во Библијата читаме:

и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.- Јаков 5:15

Овој пристап е христијански и не е одлика на секта, религија или пак на деноминација, туку одлика на живи Христијани, соодветно работиме за Слава на Бога низ Мисијата Живо Христијанство. Ние работиме за сплотеност меѓу Христијаните кои веруваат во Господ Исус Христос според Библијата, за да се спасат загубените души, да се одвратат луѓето од окултизам, криминал, безбожен и грешен живот.