Донации

Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее! - Галатите 6:7

Како што е напишано во Светото Писмо: „Дарежливиот човек на сиромасите штедро им дава, праведноста негова ќе се памти довека!" Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни. Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. - 2 Коринтјани 9:9-11

Конечно, дел од семето падна на плодна почва каде што изникна, порасна и донесе род: едно стебло роди триесет, друго шеесет, а трето - сто зрна." - Марко 4:8

Вашиот придонес во Konstantin Kaysharov Ministries®

Мудриот човек сее добро семе на добра почва, а жетвата ја очекува од Бога.
Ако почувствувавте благослов преку книгите, песните и предавањата на Пастор Константин Кајшаров, и сакате да сеете во неговата служба кажувајќи „Благодарам" со подарок кој ќе го употребиме да се рашири пораката за Бог насекаде, имате можност да бидете вклучени на различни начини.

Посејте семе кое ќе даде плод

Прилагодете го вашиот придонес според вашите можности и желби.

Станете месечен партнер на Konstantin Kaysharov Ministries® и поддржете нè и помогнете ни да ја шириме Радосната Вест

Можете да нè поддржите со ваш месечен придонес за Konstantin Kaysharov Ministries®
На тој начин вие ќе станете наши месечни партнери и со вашата дарежливост ние ќе можеме да допреме до поголем број луѓе. Ќе ни помогнете да ги реализираме нашите месечни активности, предавања, добротворни проекти, Богослужби во други земји надвор од Македонија.

За повеќе информации и начин како да донирате испратете ни емаил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
И ние ќе ви пратиме назад информации како да го направите тоа.

 

Донирајте за книга и ДВД предавања од Пастор Константин Кајшаров

Можете да го поддржите издавањето на книгите и видео предавањата на Пастор Константин Кајшаров и да донирате за нивно издавање и превод на други јазици. На овој начин овозможувате да се испечатат нови книги кои Пастор Кајшаров веќе ги има напишано, да се реализираат и издадат видео предавања и да се преведат на многу јазици за да може повеќе луѓе да слушнат за Господ Исус Христос и Неговите чуда.

За повеќе информации и начин како да донирате испратете ни емаил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
И ние ќе ви пратиме назад информации како да го направите тоа.
 

Донирајте за издавање на ново ЦД на Пастор Константин Кајшаров и Молепствие

Можете со ваш придонес да поддржите издавање на ново ЦД со автентична и единствена Христијанска музика од пастор Константин Кајшаров. На овој начин овозможувате трансформација во животите на луѓето, овозможувате да се снимаат нови песни, да се издаде аудио ЦД, да се реализираат патувачки каравани на вокалната група Молепствие со Пастор Константин Кајшаров, не само во Македонија, туку и во други земји низ светот.

За повеќе информации и начин како да донирате испратете ни емаил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
И ние ќе ви пратиме назад информации како да го направите тоа.
 

Би сакале да можеме сè да споделиме со вас што Бог прави во и преку нашата служба. Тој прави многу повеќе отколку што може да се собере во емаилови, флаери или брошури. Би сакале да сте во можност да ги видите и искусите чудата кои ние секојдневно ги гледаме во нашата служба.

Одвојте дел од вашето време и прашајте го Бог кој е вашиот удел во Konstantin Kaysharov Ministries® зашто без разлика каде и да сме, дел од вас е со нас. Ви благодариме на вашата поддршка.