Биографија

Пастор Константин Кајшаров
Мисија Живо Христијанство


Пастор Константин Кајшаров е христијански душогрижник за луѓето и се стреми тие да ја имаат верата во Господ Исус Христос и да живеат со Божјото Слово. Тој иако е магистер по кинезитерапија и магистрант на студиите по клиничка психологија, и секојдневно ја применува науката со намера да им помага на луѓето, тој сведочи дека Господ Исус Христос е жив, дека Тој исцелува и дека ништо освен Господ не може да биде решение за било каков проблем со кој луѓето се соочуваат.

Konstantin Kaysharov Ministries ® или служењето на пастор Константин Кајшаров во Име на Господ Исус Христос, се карактеризира со:

readmore 1. Служба за исцелување

преку молитвени терапии водени од Светиот Дух за индивидуални или групни исцелувања на собранија и работилници;

readmore 2. Служба за ослободување

на луѓето од окултистички учења и влијанија (магиски дејства), ослободување од демони и демонски влијанија и ослободување од клетви и проклетства во Име на Господ Исус Христос;

readmore 3. Институт за ревитализација

во кој освен физикалната медицина и психологијата се овозможува евангелизирање и примена на службите за исцелување и ослободување, како и лични и групни консултации за различни проблеми, духовно советување и надминување на стравови, трауми, зависности, сексуални проблеми, семејни несогласувања итн.

readmore 4. Служба учеништво

се реализира со едукација и подучување преку семинари и обука на луѓето во практично, живо христијанство. Семинарите се еднодневни, практични и интерактивни и овозможуваат информации, знаење, примена на знаењето за да имате подобар и похармоничен живот според Божјата Волја.

Пастор Кајшаров има индивидуални или групни пасторски средби со членовите на Клубот „Луѓе по Патот" на кои разговараат за нивниот духовен развој, насоките во животот, како да живеат богоугоден живот следејќи ги принципите на Новиот Завет.

Преку Библиската школа „Библиски проповеди" учесниците го изучуваат Божјото Слово и го осознаваат Патот, Вистината и Животот, стекнуваат критериум за размислување и разликување на вистината од лагата, ги зацврстуваат моралните и етичките вредности и почнуваат да живеат осветен живот.

readmore 5. Служба за евангелизација и проповеди

преку: големи јавни работилници кои претставуваат собранија на луѓе на кои се разработуваат Библиски теми, се поставуваат духовни насоки за плодоносен живот и активности за сведочење и славење на Бога.

readmore 6. Служба за Славење на Бог

во рамките на која е создадена вокалната група „Молепствие" која настапува на концерти и настани со христијански песни за Славење на Христос, издаде ЦД албум со модерна христијанска музика и видео спотови со цел да испратат порака до јавноста - луѓето да се вратат кон Бога;

readmore 7. Интернационална Христијанска Академија

која претставува издавачка и продуцентска дејност на музичките, видео и аудио материјали на пастор Константин Кајшаров како и на друга христијанска литература за ширење на Радосната Вест и со таа цел организирање на јавни трибини, фестивали и конференции, духовно-музички работилници за инспирација, благосостојба и животен стил со вера.

readmore 8. Клуб „Луѓе по Патот"

преку кој се овозможуваат добротворни акции за деца и луѓе на кои им е потребно помош, како и евангелизирање и сведочење за Бог, организирање патувања и разни проекти преку кои членовите можат да ја исполнуваат Мисијата Живо Христијанство водена од Пастор Константин Кајшаров

Служењето на пастор Константин Кајшаров е надвор од деноминација и религиозност, и овозможува практична духовност - како да се живее со молитва и христијански во ова време - затоа тој ја нарекува Мисија Живо Христијанство како што Бог тоа му го покажа.

Тој е Божји служител, инструмент низ кој протекува Божјата Милост до сите луѓе кои копнеат по вистинска духовност, кои се жртви на тешките судбини и демонски напади; болни и жедни за Вистината Божја. Чудата на исцелувања кај луѓето, ослободувањето од нечисти сили и преобразбата на човечките животи се постојани благослови во службата на Пастор Константин кои доаѓаат од Бога. Сето ова се случува за Славење на Името на Господ Исус Христос.

Други проекти кои со Божји благослов се реализираат низ Konstantin Kaysharov Ministries ® се:

- Света Мугра - Интернационална годишна конференција со цел сплотување, благосостојба, богоугоден живот со ентузијазам (en=во, Тheus=Бог) и инспирација (in=во, spirit=Духот) за поттик во вера и живот со Бога, исцелување и уметност во Славењето на Христос.

- Аџилак во Светата земја Израел на поклонение на празниот гроб на Господ Исус Христос и посета на сите места каде чекорел и ги правел чудата опишани во Библијата. Аџилакот претставува поттик кон утврдување на Библиските Вистини и кон плодна вера во Господ Исус Христос кај секој од учесниците и претставува можност за обука на учесниците во молитвен живот и разбирање на Божјиот план за Спасување на човештвото.

Konstantin Kaysharov Ministries ® соработува со пастори од цел свет кои работат за Слава на Бога со цел обединување на сите христијани во Христовото Тело.

Неуморноста во динамичноста на Пастор Константин Кајшаров, тој ја објаснува преку стихот од Новиот Завет:

„Сè можам преку Христа кој ми дава сила." - Филипјани 4:13