Консултации со Пс. Кајшаров

Пастор Константин Кајшаров кој е и магистер по кинезитерапија и магистрант на Клиничка психологија навлегува не само во истражувачките сфери на човечката личност и телесната физиологија, тој исто така преку Божјата љубов ја допира човечката душа.

Пристапот на пастор Кајшаров е отворен и искрен кон клиентот, а фокусот веднаш го насочува кон потребите и причините за консултација.

Консултациите претставуваат психолошки – духовни средби кои се карактеризираат со:
- дефинирање на проблемот или потребата на клиентот;
- поставување на цели за достигнување успех на состојбата кај клиенот;
- определување средства за разрешување на проблемот кај клиентот;
- практично водство низ фазите на надминување, подобрување и реализација на нови претстави кај клиентот во сите аспекти на човековиот живот.

Форми на консултации:

readmore 1. Лични консултации

Претставуваат ваша приватна средба со пастор Кајшаров на кои се разработуваат различни теми според вашите потреби, проблеми и нејаснотии во врска со:

  • Вашата индивидуалност - определување цели во животот, дефинирање на професија, изградување имиџ, менаџирање на своето време, односот кон луѓето и изразување на вашата личност, развивање на уметничките потенцијали и однос со јавноста/публиката;
  • Здравјето- како да стекнете или да останете во здравје преку насоки за превенција од болести, начин на хранење, размислување, однесување, животен стил, уметност и сл.;
  • физички проблеми- посочување како да се разрешат некои болести и болки на физичкото тело (хронични заболувања, деформации на телото, искривувања на рбетен столб),
  • духовни состојби- потреба за осознавање на целта на постоење, изградување на личниот однос кон Господ Исус Христос, разграничување на реалноста од нереалноста, привиденија, паранормални појави, изградување на критериум за распознавање на Вистинските предизвици во животот.
  • психолошко-емотивни проблеми- депресија, надминување на немир, несигурност, потиснатост, срам, трауми, самообвинување, незадоволство од себе, рамнодушност, несоница, страв, панични напади, анорексија, осаменост...
  • сексуални состојби- разрешување на перверзни потреби, надминување на сексуални трауми (силување, инцест), надминување на фригидност , имотенција, преголема потреба за секс, дефинирање на сексуалната ориентација, самообвинување кај хомосексуалност;

*во зависност од потребите овие консултации можат да бидат еднократни или во пакет со повеќе доаѓања (на пример 6).

readmore 2. Семејни консултации

Претставуваат средба со м-р Кајшаров заедно со вас и вашиот партнер, со вашето дете, и/или други членови од вашето семејство. Целта на овие консултации е да се помогне во меѓучовечките односи во различните релации во семејството. Со разговар и споделување одредени искуства, кај учесниците на семејната консултација се разрешуваат проблеми во семејството, партнерството, релациите меѓу родители и деца, браќа и сестри...

Најчесто потребите за семејни консултации се:

  • односот меѓу партнерите: интимен проблем, прељуба, љубомора - посесивност, доминантност, нефлексибилност, индиферентност - ладнина, причини за развод и сл.
  • односот меѓу родител и дете: наметнати високи очекувања врз детето, контролирање, перфекционизам, физичко малтретирање...
  • односот во релацијата дете родител: недисциплинираност, агресија, бунт, кражба, погрешни избори, алкохолизам, физичко малтретирање, страв, потиснатост...
  • односот во релациите деца (браќа, сестри, роднини): љубомора, психолошко малтретирање, физичко малтретирање, инцест...

*во зависност од потребите овие консултации можат да бидат еднократни или во пакет со повеќе доаѓања (на пример 6).

readmore 3. Групни консултации

Претставуваат средба на м-р Кајшаров со повеќе учесници кои имаат ист или сличен проблем. Потребите за вакви групни консултации вели м-р Кајшаров, се сé почести бидејќи луѓето кога сами се соочени со некој проблем, мислат дека само тие поминуваат низ таквиот проблем и дека тоа само ним им се случува, а така се обесхрабрени.

Најчести причини за вакви групи се:

  • честите депресии и панични напади;
  • разводите;
  • семејното насилство;
  • различни зависности (алкохолизам, наркоманија);
  • сексуални проблеми и сл.

Учесниците се охрабруваат да ги споделуваат своите проблеми и заеднички да ја отворат можноста да им се помогне на секој одделно. Овие средби помагаат за склопување ново пријателство, охрабрување, поддршка и чувство на припадност.

Групните консултации бројат максимум 10 учесници кои претходно биле на лична консултација со м-р Кајшаров. Динамиката на овие консултации е флескибилна и најчесто на две седмици, но зависи од групата и самите потреби на истата.